Фестивал на новиот германски филм

Режија: Тил Швајгер
Германија 2014, 140 минути
Актери: Тил Швајгер, Дитер Халерфорден, Ема Швајгер
Наменето за публика над 6 години

Мед во главата“ ја раскажува приказната за 11 годишната Тилда и дедото Амандус, кој страда од Алцхајмерова болест. По конфузниот говор на погребот на сопругата Маргарете, Амандус се вселува кај својот син Нико (Тил Швајгер) и неговата сопруга Сара, која не е баш многу воодушевена од овој план. Откако Амандус за малку ќе ја запалел кујната, Нико сфаќа дека за неговиот татко не постои друга алтернатива освен дом. Тилда многу го сака дедото и не сака да го прифати тоа. Без многу размислување го грабнува својот дедо. Двајцата тргнуваат на незаборавно патување, со цел да се исполни најголемата желба на Амандус: да ја види уште еднаш Венеција.

Сподели