Фестивал на новиот германски филм
Режија: Кристоф Хоххојзлер
Германија 2015, 113 мин.
Актери: Флориан Давид Фиц, Лилит Штангенберг
Наменето за публика над 12 години
Реномираниот, но многу задолжен новинар Фабиан Гројс (Флориан Давид Фиц) работи за политичко-информативно списание во Берлин. Нему воопшто не му одговара што треба да е ментор на новата практикантка во редакцијата Надја (Лилит Штангенберг). Сакајќи само да ѝ даде некаква работа, тој ѝ доделува навидум банална задача, да открие зошто некој човек скокнал во кафез со лавови. Но приказната на Надја е многу повеќе од тоа, се чини дека настанот е поврзан со голем случај на Бундесверот. Понатамошното истражување води до скандал со отровен отпад кој би можел да предизвика сензација. На големите ѕверки во хемиската индустрија воопшто не им одговараат овие две душкала. А Гројс тоа ќе го забележи најдоцна тогаш кога ќе почне да добива анонимни закани.