Фестивал на новиот германски филм
Режија: Филип Штенерт, Цирил Бос
Германија 2012, 95 минути
Актери: Кристо Феркич, Вијесна Феркич, Кристоф Мариа Херпст, Гудрун Ритер
Наменето за публика над 6 години
Родителите на Виктор (Кристо Феркич) ќе заминат на службено патување, а тој ќе остане сам со сестрите Луизе и Кора во големата, стара вила, во која од неодамна е доселено семејството. Талкајќи низ просториите на куќата, Виктор ќе здогледа морничава фигура во огледалото, која се движи зад него низ собата. Дали се тоа разбојници? Додека пребарува по собите, Виктор ќе го најде стариот дневник на неговата постара роднина Сесилиа, која пред многу години починала под нејасни околности во куќата. Виктор фасцинирано ја листа пожолтената книга и ги следи загадочните упатства. Ќе го одведат ли тие до вистината за смртта на Сесилиа. За време на потрагата секогаш одново ќе наидува на мали препарирани крокодили со дупки кај очите. Знае ли можеби сомнителната сосетка, госпоѓа Дебиш (Гудрун Ритер), што се случило во минатото?