27. мај, 21:00ч. Младински културен центар
„Ние сме Хармсоиди“ – книжевна вечер посветена на Данил Хармс
„Си бил еден настан во МКЦ посветен на Данил Хармс. Но тој настан немал ниту организатори, ниту светло-мајстори, ниту тонци. Немал ниту читачи, ниту перформери, ниту изложби, ниту аукции, ниту Пекинезери што летаат. Немал ниту концепт, ниту контекст, ниту коктел, така што е нејасно за каков настан станува збор. Тогаш, најдобро е воопшто да не зборуваме за тој настан .“
Данил Хармс бенд:
Бојан Петков – Шамба (гитара)
Иво Солдатовиќ – Роко (кларинет)
Јордан Костов (хармоника)
Зоран Велковски (бас)
Владимир Лукаш (слајд уисл)
Читачи:
Иван Шопов (читач и модератор)
Ѓоко Здравески
Елена Митреска
Жарко Иванов
Биљана Стојановска