Фестивал на новиот германски филм
Режија: Марк Монхајм
Германија 2015, 105 минути
Актери: Јасна Фрици Бауер, Хајке Макач
Наменето за публика над 12 години
Изнервирана од училиштето, семејството и здодевните женски разговори, петнаесетгодишната Чарлин (Јасна Фрици Бауер) импулсивно ќе се обиде да изврши самоубиство, но безуспешно, па ќе заврши во болница. Како аутсајдер таа и понатаму ќе мора да се соочува со проблемите во текот на созревањето, но и да си го троши времето со сопствената загрижена мајка (Хајке Макач), со тврдоглавиот терапевт и некоја нервозна жена од Службата за младинци. Барајќи си го психотерапевтот (Николаус Фрај), Чарлин налетува на бубалицата Линус (Сандро Ломан). Неочекувано тие стануваат блиски.