На 13 мај (среда), во киното Фросина, во 20:00 часот, ја промовираме  поетската книга „Црни дупки во нас“од авторката Марта Маркоска која ја доби наградата „Бели мугри“ за 2014 година.

Специјални гости на вечерта ќе бидат: црковно-византискиот хор Хармосини и Женски младински хор на МКЦ под водство на  маестро Сашо Татарчевски.

Книгата „Црни дупки во нас“ ги содржи циклусите: „Животот е циклус (циркус)“, „Катахрезис на духот“, „Применети знаења“, „Плоштини на љубовта“, „Холограм на среќата“ и „Црни дупки во нас“.

Сподели