Фестивал на новиот германски филм
Режија: Том Зомерлате
Германија 2015, 100 минути
Актери: Алис Пеливанјан, Годехард Гизе, Карин Ханцевски, Себастиан Фресдорф
Наменето за публика над 12 години
Матиас (Себастиан Фресдорф) и Давид (Годехард Гизе) се браќа, но комплетно различни. Давид ќе тргне по стапките на таткото и ќе изгради банкарска кариера, a Матиас со пријателката Камил (Алис Пеливанјан) и синот ќе живее опуштен и безгрижен живот во викендичката на семејството на францускиот брег покрај Атлантикот. Но, тогаш Давид ќе реши порано од планираното да замине на одмор и со сопругата Лена (Карин Ханцевски) ќе им се придружи во идиличното место. Од тој момент престанува забавата. Давид воведува строги правила, а превртливецот Матиас повеќе или помалку волно ќе им се потчини на барањата на постариот брат. Французинката Камил тоа едноставно не може да го прифати. Разлутено и решително ќе испланира како да ги промени односите на моќ на свој начин.