Фестивал на новиот германски филм

Режија: Себастиан Шипер
Германија 2015, 134 мин.
Актери: Лаиа Коста, Фредерик Лау, Франц Реговски, Бурак Јигит
Наменето за публика над 12 години

Уживајќи во ноќниот живот во Берлин, младата Шпанка Викторија (Лаиа Коста), налетува на четворицата пријатели со прекари „Сонце“, „Боксер“, „Блинкер“ и „Стапало“. „Сонце“ (Фредерик Лау) и Викторија се зближуваат и се дистанцираат од групата. Но, токму тогаш завршува навидум вообичаената ноќна забава. Наместо да слават, „Сонце“ и неговите пријатели имаат сосема поинаков план. Мора да подмират стар долг и одеднаш Викторија ќе се најде среде грабеж на банка. Она што на почетокот ѝ се чини како возбудлива авантура, брзо ќе премине во кошмар. Кревката среќа на Викторија и „Сонце“ ќе биде ставена на големо искушение.

Сподели