Среда, 22 февруари проекција и дебата по филмот „ЦРВЕНАТА ШЕЌЕРНА ТРСКА“ (Red Sorghum), дебитантскиот филм на прославениот кинески режисер Џанг Јимоу со кој во 1988 г. ја освои Златната мечка на фестивалот во Берлин.
Џинг Јимоу инаку е добитник и на Сребрената мечка во 1991г. за филмот „Подигање на црвениот фенер“, потоа, два Златни лава во Венеција за филмовите „Приказна за Кју Џу“ (1992) и за „Ниту еден помалку“ (1999), како и награда од жирито во Кан за филмот „Да се живее“ (1994), и уште 60-тина награди на бројни светски фестивали.
Дебатен филмски клуб ЛАЛЕ, МКЦ, Џебно кино во 20 часот

Сподели