Lepi Xhoni е соло проект на ултра креативниот и емотивен Љупа Ангелов (The John) во друштво на неговата гитара и пар електронски геџети стационирани во популарното скопско DownTown студио.
После долго време Lеpi Xhoni ќе ја истопори цела опрема на бина и ќе ја соголи душата пред гладната скопска публика. Синглот Среќа од изданието „Песни“ [PMGrecordings 094] е избран за македонски сингл на годината според стотројка. Специјално за оваа пригода Lepi Xhoni преработи и еден класик од Драган Ѓаконовски – Шпато. Слушнете и превземете од официјалниот профил – http://lepixhoni.bandcamp.com/.