МКЦ е дел од издавачкиот тим на албумот „Забранета Планета“ на скопските друмски воини Bernays Propaganda, кој вчера беше прогласен за најдобар домашен албум на годината според музичките соработници на Канал 103.

Топ 10 македонски албуми според стотројкашите изгледа вака:
1. Bernays Propaganda – Забранета планета
2. Милко – Луѓе
3. Lepi Xhoni – Песни
4. Фонија – Мојот пекол
5. Кантон 6 – Деца на МРТВ
6. Мугер Фугер – 13/13
7. Sethstet – Pettite Cinematique
7. SIZ – Wake Up!
9. VA – Underground Glamoure
10. Fighting Windmills – Рапсодии во празно

Им честитаме на Бернајс за (заслуженото) признание, и се надеваме дека во 2014 ќе биде плодна за македонската независна музичка сцена и ќе се избираат топ 50 албуми!
извор: www.kanal103.com.mk