Билетите ќе бидат пуштени во продажба веќе од утре 11.април и првичната цена ќе изнесува 400 денари. Веќе од 27 април цена на билет ќе изнесува 500 денари, а од 18.мај цената на билет ќе ја достигне највисоката цена од 600 денари. ЗДРАВО МЛАДИ ќе се одржи на 23 мај 2014 во МКЦ Скопје.
Најавени артисти се американските бендови !!! (Chk Chk Chk) и The Soft Moon, Фонија и TRUS!, остатокот од програмата ќе биде објавен наскоро, но, како и да е, оваа година фестивалската програма ќе се одвива на една бина, во еден фестивалски ден, а ќе настапат 6 изведувачи.
Сакаме да напоменеме дека поради фактот што !!! (Chk Chk Chk) имаат ексклузивен настап во Скопје, а до сега немаат настапено во поблискиот регион, за нивниот настап владее голем интерес и во соседните земји, ве советуваме да се снабдите со билет наверемено, бидејќи капацитетот на Здраво Млади е ограничен.
Оваа година имаме новитет со таканаречен „другарски“ билет и сите што ќе купат заеднички 4 билети, добиваат 1 билет гратис. Акцијата „другарски“ билет ќе биде спроведена САМО на билетарата на МКЦ. Билетарата на МКЦ работи од вторник до сабота од 13:00 до 20:00.
Билети за Здраво Млади ќе можете да набавите на билетарата на МКЦ, во Југотон и 1/2 Југотон, а за луѓе од останатите градови во Македонија постои мејл за резервација на билет на bileti@mkc.mk.
11.04 – 26.04 – 400 денари.
27.04 – 17.05 – 500 денари.
18.05 – 23.05 – 600 денари.