Концерт во Планетариум

Драги пријатели, малата мечка ве кани на концерт:

Звук Караџиќ 

Четврток, 25 октомври, 21 часот. Планетариум, МКЦ.

Звук Караџиќ е здружение на музичко-книжевни импровизатори, безгрешно зачнато една убава септемвриска вечер на скопското Кале. Во здружението можат да учествуваат сите што си ги заборавиле партитурите на пулт, или тетратките со стихови во фиока; сите што мислат дека имаат што да кажат во мигот на случувањето и сите што сакаат да се препуштат на моменталната фантазија и да одлетаат далеку, далеку и најблиску до себеси.
На концертот во четврток ќе учествуваат Костадин Делиниколов, Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш, а за планетариумската проекција ќе се погрижи вселенскиот маестро Даниел Анастасов.

Билетите во строго ограничен број (60) се достапни на билетарницата на МКЦ, по цена од 150 денари.

Сподели