Промоција на стихозбирката од италијанскиот поет Лука Бенаси – „Зборот на непријателот“, во издание на ПНВ Публикации.
Лика Бенаси е поет познат на македонската публика. Со својата поезија се претставил и на Струшките вечери на поезијата и на Поетска ноќ во Велестово. Промотор ќе биде Владимир Мартиновски. Стиховите на македонски ќе ги чита актерот Јован Цветкоски.
Лука Бенаси е поет познат на македонската публика. Со својата поезија се претставил и на Струшките вечери на поезијата и на Поетска ноќ во Велестово.
Лука Бенаси, роден е во Рим во 1976 година, каде што живее и работи. Ги објавил поетските книги „На маргините на историјата“, (2000), „Сјајот на сивилото“, (2005), „Честа на правта“, 2009 и памфлетите „За мене ќе речат“ (2011) и „Плиткоста на снегот“ (2012). Заедно со поетесата Маки Старфилд ја објавил електронската книга „Duet of Lines Sen no Nijuso“ (со текстови на италијански, англиски и јапонски јазик, Јунпа изданија, 2016). Во 2018 год. беше издадена книгата „Задниот дел на небото“, избор песни на италијански и шпански јазик, преведени од Стефано Стражабоско, Емилио Коко и Џовани Дарконза.Ја превел книгата „De Weg“ од фламанскиот поет Жермен Дрогенброт (Патеката, 2002). Ја објавил и збирката критички есеи „Задавени брзаци: италијанските поети во 2000-те години“ (2010). Ја уредил антологијата „Магнификат. Поезија 1969 – 2009“ (2009), која го содржи целиот творечки опус на поетесата Кристина Анино, антологијата на критички осврти „Погледи во поезијата на Акиле Серао“ (2013) и „Домот на соколите, поезија 1974 – 2014“ (2014), којашто претставува антологија на целокупното творештво на Данте Мафија.