Што е важно за младите?
Нашите приказни се важни. Нашата солидарност. Зборовите се важни. Музиката. Различноста е важна. Воздухот што го дишеме, нашето образование, нашите идоли. Слободно да се изразуваме. Нашите идеи, нашата самодоверба, нашите занаети.
Ние можеби признаваме дека сето тоа е важно, но исто така треба да го прославиме. Ни треба другите да ги слушнат нашите приказни, ни треба другите да нѐ видат кои сме и како сите сме поврзани за да можеме да одиме напред. Да градиме самодоверба, мостови и да се забавуваме. Да си дозволиме да бидеме млади.
И токму тоа ќе го правиме. Славејќи се себеси. Славејќи ве вас. Ќе го прославуваме тоа што нѐ прави среќни.
Ќе ги прославуваме нашите приказни, ќе ги поттикнуваме нашите победи над потешкотиите со кои се соочуваме во ова општество и што е најважно ќе се забавуваме.
Ве покануваме и вие да уживате во тоа со нас. Да слушате музика, да уживате во добра храна и во сонцето додека разгледувате низ базарот на локалните занаетчии и нивните уникатни производи, а што е најважно, да ја видите изложбата што ја составивме за приказните на младите луѓе во ова општество.
Затоа дојдете на 7 април (недела) во 12:00 во МКЦ. Тешко е да го пропуштите, надвор на сонцето, со храна, пијачка и добра музика, да бидете пречекани со базар, а внатре изложба каква што немате видено досега.
Настанот е организиран од Младинискиот совет на Американската амбасада, во поддршка на истата.