Adult Life Skills
PlayUK – Фестивал на новиот британски филм
Земја: Велика Британија, 2016
Траење: 96 мин.
Режисер: Rachel Tunnard
Жанр: комедија
Ана е заглавена: се ближи кон 30-те, живеејќи како испосник во колибата во градината на мајка ѝ прашувајќи се зошто феминистките воопшто се мачеле. Деновите ги минува снимајќи видеа, користејќи ги палците како актери. Една недела пред нејзиниот роденден, мајка ѝ ѝ поставува ултиматум – мора да се отсели од колибата, да направи женска фризура и да престане да се облекува како бездомен тинејџер. Кога нејзината школска другарка доаѓа во посета, самонаметнатата изолација на Ана станува неиздржлива. Набрзо се сплеткува со проблематично 8-годишно момче опседнато со вестерни и со локалниот агент за недвижнини, чии чудни комуникативни вештини постојано ги минираат неговите обиди да ја заведе.