На 3 декември во кино Фросина: еден од најавтентичните автори во регионов, Рамбо Амадеус, конечно ќе го претстави во Скопје театарско-сценскиот перформанс „Вечер на гломазна поезија“ со кој ја претставува својата поезија во придружба на клавирскиот маестро Иван Алексијевиќ – Панчевац.
Театарско-сценската програма со трагикомична содржина е комбинација на неговата експресивна, метафорична, духовита и саркастична поезија, проза и филозофија со која постојано ја восхитува публиката предизвикувајќи помешани чувства.
Вечер на гломазна поезија – „единствена претстава што на лаконски, сликовит и непретенциозен начин ги сецира општеството и поединецот, кој се обидува да опстане во него и да го пронајде своето парче среќа“.
Билетите во многу ограничен број и цена 500 денари се продаваат на сите благајни на МкТикетс.
Повеќе на: https://bit.ly/2BsyMhv