Задоволство ни е да Ве поканиме на четвртиот по ред Trash Fashion Macedonia 2014, кој ќе се одржи на 05 јуни 2014 год. (четврток) во Младинскиот Културен Центар – Скопје, од 18.00 ч. до 20.00 часот.
Trash Fashion Macedonia 2014 e натпревар на модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад, кои ги изработија тимови од 46 средни училишта во Македонија.
Оваа година тимовите за изработка на своите модели, собраа преку 1000 килограми различни видови отпад, односно, реупотребени се околу 2500 капачиња, 500 најлонски кеси, 30 килограми стара хартија, стар електронски отпад и др.
На Trash Fashion Macedonia 2014, за прв пат, секој модел ќе се претстави на писта направена од стари водоводни цевки, пропратен со роботизирани аудио – визуелни ефекти.
Оваа година прво, второ и трето место ќе додели петчленото жири во состав: Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновска-Костиќ, директор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, Росица Мршиќ – моден креатор, Тони Зен и Цаци Паковска – стилист.
Македонскиот моден сајт Stylist.mk во рамки на Trash Fashion Macedonia 2014 ќе организира работилница за редизајнирање на стари парчиња облека и модни додатоци, а ќе направи и street style фотосесија во која учениците ќе ги носат моделите имплементирани во нивниот имиџ.
Во настанот, повисока цел препознаа нашите партнери: Стопанска Банка, Фабрес, Божиновски-часовници и накит, моден сајт – Стајлист МК, Свислион и Ехо – фестивал на планински филм.
Trash Fashion Macedonia 2014 се оддржува по повод 5-ти jуни – Светскиот ден на животната средина, а оваа година е дел и од настаните на листата на Обединетите Нации – програмата за животната средина UNEP.
Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова реупотреба.
Trash Fashion Macedonia 2014 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Се надеваме дека овој настан ќе го предизвика вашето медиумско внимание.
За повеќе информации, контакт лице: Бистра Георгиева 072 307 587
До видување на Trash Fashion Macedonia 2014.

Со почит, ОХО

Сподели