На 30 април во Младинскиот културен центар ќе се случи третото издание на веќе традиционалниот фестивал „Today it’s all about jazz“!
Годинава, фестивалот, кој е во организација на Здружението на џез-музичари на Македонија (ЗЏМ), ќе се случува во текот на целиот ден, почнувајќи од 15 часот. На сите љубители на џезот и на добрата музика, ќе им биде понудена разновидна и атрактивна програма.
Програма:
- Џез за деца! /workshop
- Настап на студентите од Џез-катедрата на Факултетот за музичка уметност
- Drum talk – Дамјан Даневски/ посветено на Max Roach
- ЗЏМ Биг-Бенд / солист Џон Илија Апелгрен
- Проекција на документарен филм и врачување на награда за посебен развој на џез-музиката во Македонија
- Парусион квартет
- Боперс
- Џијан Емин и Армент Џафери Проект 5
- Сетстат