Тери Рајли е американски композитор и изведувач, роден 1935 година во Калифорнија. Музиката на Рајли поминува низ повеќе еволутивни фази, но неговата дејност во ’60тите години и неговиот статус како пионер на минималистичката музика (онаа од повторувачки тип) е она што го „следи“ во текот на кариерата. Овој период е обележан со композициите „A Rainbow in Curved Air“ и особено „In C“ – окомпозиција која доживува бројни изведби од разноврсни артисти и групи како Bang on a Can, Adrian Utley (од Portishead), Orkest de Volharding, Shanghai Film Orchestra, Africa Express и др.

Во периодот по ’60тите години музиката на Рајли се развива во насока кадепретходните (делумно формални) процеси се развиваат во една отворена платформа на која се среќаваат класичната музика, индиската музика, слободниот џез и електронската музика. Интересот кон индиската музика е особено значаен и истата носи нови ритмички и модални решенија, кои заедно со репетитивниот елемент кој го одбележува неговото рано творештво е она што го одликува стилот на Тери Рајли.

Концертните изведби на Тери Рајли се уникатно доживување. Шареноликоста на музичкиот израз, како и неконвенционалниот пристап кон изведбата се одлика на неговата изведувачка дејност без разлика дали се работи за настан од голем формат или камерен концерт каков што ќе имаме прилика да видиме во Скопје. Најдобриот опис за недамнешните концертни изведби ги дава британски The Guardian кој вели: „За Рајли, неговата инструментална виртуозност и композиторска иновативност се портал за истражување на глобалната музичка свест“.

Билети:
*достапни на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk
до 31.12.2019 – 400 денари
од 01.01.2020 до 13.04.2020 – 500 денари
на ден на концерт – 600 денари

Сподели