6-ти интернационален детски фестивал на театар на сенки
17 ДЕКЕМВРИ
19:30 Сцена Фросина; цена 150 ден.
КРАЛОТ ЖАБА И ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ
Anna Fabulli – Германија
40 мин. / 3+ год.
“Дали некогаш си бакнала жаба?
Жаба?! Бљак! Попрво би бакнала глушец отколку жаба!
Глушец?! Хмм… “
А вие кој би бакнале?
18 ДЕКЕМВРИ
19:30 Сцена Фросина; цена 150 ден.
АЛИСА И ЧУДАТА
Театар “Сенки и oблаци”
35 мин. / 6+ год.
Зарем се случуваат толку многу нешта, а ништо не се менува?
Бркотници, дупки, збунки, сирени, кули од карти и стрелки… И тоа сѐ во исто време!
Пред малку беше точно 6 часот. А сега колку е?
Повторно 6. Засекогаш 6…
19 ДЕКЕМВРИ
18:05 Сцена Фросина; цена 100 ден.
СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА
Студио “Абстракт”
25 мин. / 3+ год.
Секој ја знае приказната за Снежана и седумте џуџиња, но никој не знае како танцуваат тие! Танцова претстава со сенки од тела.
19:30 Сцена Фросина; цена: 150 ден.
ПТИЦИ
Marie Donath – Грција
40 мин. / 6+ год. / англиски
Дали сте подготвени да избегате од гужвите и бучавата во градот?
Една жена со нејзиниот куфер полн светлина и сенки, со јато птици ќе ве поведат на патување во светот на Аристофан.
*Билети во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk