Драги наши,

Со задоволство ве покануваме на првата епизода од проектот Сирова култура, кој МКЦ го стартуваше со идеја на младите и талентирани артисти да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела.

Како што претходно спомнавме, Сирова култура ќе се случува неколку пати годишно, со повик за аплицирање и со еднодневен настан на кој ќе учествуваат селектираните артисти.

На првиот повик за Сирова култура пристигнаа точно 60 апликации.

Од нив, нашиот вреден и посветен тим направи селекција од дваесетина апликанти, чии дела ќе можете да ги видите/чуете во сабота, 6 април, од 20 ч. во Младинскиот културен центар.

Во првата епизода на Сирова култура учествуваат:

Ангела Стојковска, Андреј Павлов, Гаја Смилевска, Ѓорѓи Динев, Ивана Стојковска Seerma, Илчо Илиевски, Кристина Карапеоска, Сали Ертунч, Стефан Младеновски, Стефанија Бетоска, Бригада 3, Minstrel’s Gallery, Флоре, Дактили, Војводата, Вероника Димоска, Викторија Ангеловска, Георгина Петреска, Кристина Павлеска, Мануела Златкова, Михаил Куртевски и Николинка Митрева.

Се гледаме на 6 април во 20 ч. во МКЦ!

 

Сподели