Драги пријатели, со тивка возбуда ве каниме на музичка интима:
ŠećeЯ [Хрватска] – Концерт во Планетариум
Среда, 4 април, 21 часот.
ŠećeЯ е соло проект на Тена Рак, млада кантавторка и мултиинструменталистка од Вараждин, Хрватска. Нашата публика ја памети по нејзиниот матичен тинејџерски бенд Vlasta Popić. По неговото распаѓање, Тена врти нова музичка страница, ги одмора тапаните и ја соголува душата. Нејзиниот деби албум насловен “Varijacije na tugu“ излегува во јуни 2017 година. Ова е прво нејзино претставување во Македонија.
https://
https://www.youtube.com/
Планетариумска проекција: Даниел Анастасов
Билетите се во строго ограничен број и достапни на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот). Побрзајте.