Концертна промоција на истоимениот деби албум на Rush to Relax.
Локална поддршка: Јоана

Rush to Relax е соло проект на Дамјан Маневски. Некогаш дел од битолското трио Молокаи, денес тој живее и работи во Љубљана. Науката е важна, музиката исто така. По неколку неуспешни обиди за бенд, Дамјан се впушта во соло авантура. Rush to Relax го преточува глобалното рокенрол наследство во топлината и интимата на домашната кујна, со растеретен DIY пристап. Готви со тоа што има: гитара, вокал, матрици и онаа тајна состојка. Иако проектот е насловен според последниот албум на Eddy Current Suppression Ring, музичкиот израз е поблизок до современите соло проекти како Itchy Bugger, Escap-ism или Васко Атанасоски.
Истоимениот деби албум (достапен на касета и дигитално) излезе во септември, во издание на Look Back and Laugh. https://lookbackandlaugh.bandcamp.com/album/rush-to-relax

Вечерта ќе ја отвори Јоана Ристеска со мал концерт за класична гитара.

Билетите по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот), ќе бидат достапни на билетарница, почнувајќи од понеделник, 16 декември.

Дизајн на Бојан Станиќ.

Сподели