21:30 – Сала 25 Мај
1. Matej Foltz е артист од новата школа на рап музиката и доаѓа од Скопје, Ново лисиче.
Пишува и снима рап, Chill-Hop и трап. Започнува да се занимава со музика во 2014 година, а на сцената за првпат се појавува во 2015 со песната Следен пат заедно со Шишка од ZeeBomb.Тој сака да го долови и пренесе својот моментален vibe и мислење преку звук во кој преовладува емоцијата.
2. Igralom e музичка група од Ниш, Србија, формирана од Младен Марјановиќ (гитара, пратечки вокал), Димитрије Симовиќ (вокал, бас гитара) и Марко Томовиќ (тапани и перкусии), во јуни 2015 година. Звукот и грувот на групата од самиот почеток се примарно усмерени кон музиката од Западна Африка. Присутно и огромно влијание на рокенрол и алтернатива, посебно на новиот бран.
3. Pluto’s Doubts се бенд од Скопје, Македонија. Во него членуваат луѓе со различни вештини и харизма, сѐ со цел да се создаде нешто навистина возбудливо. Прв значителен feedback предизвика синглот Супер Јупитер којшто зема учество во емисијата Videography на музичкиот канал MTV Adria.
Деби албумот „Сизиф“ го издаваат преку Password Production во декември 2017 година, проследен со Sold Out концертна промоција во Кино Фросина – Младински културен центар во Скопје.
Сизиф изнуди голем број на позитивни критики од критичарите во Македонија и регионот.
4. Фората со June е ентузијастичкиот дух на петорица млади луѓе длабоко вљубени во музиката.
Формирани во октомври 2010, бендот веднаш внесува свежина во македонската музичка сцена со својот модерен звук, кој е комбинација од инди поп, американа и доза на акустичен кантри поп. Свират на повеќе фестивали како Таксират (2010) со Nouvelle Vague, EXIT 2011, ЗДРАВО МЛАДИ 2012, Пин конференција 2012, Sziget Festival 2015, Vienna Waves Festival 2015, Eurosonic Noorderslag 2016 како и бројни самостојни концерти.
Досега имаат објавено три албуми “Someday soon” (2012), “Indian Summer” (2014) и “Living For The Weekend” (2017).
23:00 – Кафе МКЦ
Музика за раскинување, или слатко горчлива сонична романса со опасниот диџеј пар - Violeta Kachakova & Mirko Popov