Драги наши,
Оваа година, по 7-ми пат ќе го прославиме РОДЕНДЕН, со гооолем настан во МКЦ.
Изложби, промоција на книга, поетски перформанс, концерти, филмска ревија и многу награди. Почнуваме од 18ч. и славиме до 3ч. по полноќ! Влезот е слободен!
18:00
Изложба на спектакуларни фигури од пластелин, изработени од 9-годишниот гениј Максим Цветановски и работилница за деца со нашиот child whisperer Доротеј Нешовски од 18ч. во Детскиот креативен центар при МКЦ.
18:00 Бесплатен филмски маратон
Љубовна филмска ревија во Џебно кино на која ќе можете да се потсетите на некои ремек-дела на кинематографијата со емотикон срце:
Call Me by Your Name (2017) | 132′
режија: Luca Guadagnino
Song to Song (2017) | 129′
режија: Terrence Malick
Lost in Translation (2003) | 102′
режија: Sofia Coppola
Casablanca (1942) | 102′
режија: Michael Curtiz
20:00
Отворање на изложбата од Музејот на раскинати врски
, кој по 11 години повторно доаѓа пред македонската публика. Ќе можете да ѕирнете во интимата на луѓе од разни краеви на светот, кои одлучиле да се збогуваат со својата поранешна љубов, ослободувајќи се и од некој предмет што силно ги потсетува на неа.
20:30
Промоција на книгата „Радио“ на Љупчо Јолевски, еден од бардовите на македонското новинарство ќе се случи во Кино Фросина. Ова импозантно дело, кое брои повеќе од 700 страници, ги интегрира во најголем дел интервјуата што авторот ги остварил со врвни имиња од македонската културна сцена во последните 5 години направени за Радио Слободна Европа.
21:30 // Сала 25 Мај
Концерти на нашите Matej Foltz, Pluto’s Doubts, JUNE (ЏУН) како и одличните Igralom од Србија
22:00 // Горно фоаје
Поетски перформанс со млади и не толку млади поети и поетеси „Песнило“
23:00 // Бифе
Музика за раскинување, или слатко горчлива сонична романса со опасниот диџеј пар - Violeta Kachakova & Mirko Popov