Почитувани родители,
Како и секоја година, така и оваа со огромно задоволство најавуваме јуниор прoграма на ЗДРАВО МЛАДИ.

За денес, како прва вест, најавуваме само дел од јуниор програмата. Работилница за деца од 10 до 14 години со господинот Scott McLoud, познат како основач и лидер на легендарниот американски бенд – Girls Against Boys. Работилницата ќе се оддржи на 30 август, во МКЦ Скопје, со почеток од 18 часот.

Како професионален гитарист, пејач и текстописец последните 25 години од неговиот живот ги поминал снимајќи материјали, како и настапувајќи на турнеи со различни рок бендови. Создал над 13 албуми издадени од независни и големи дискографски куќи, продавајќи повеќе од стотици илјади копии низ светот. Во својата „патувачка лична карта“ има запишано големи турнеи низ Северна Америка, Европа и Австралија, настапи на најпознатите музички фестивали како Lollapalooza, the Reading Festival, Mt. Fuji Festival, Les Transmusicales, Pukkelpop, Lowlands и многу други.
Бендовите на Scott настапувале како хедлајнери, но исто така и поддржувајќи бендови како Rage Against The Machine, Placebo, Garbage, Fugazi и други.
Сето ова, на Scott му овозможило широк спектар на искуства и увид во сите аспекти од музичката индустрија. Пред неколку години се преселил од Њујорк во Виена и започнал да држи приватни часови за гитара, со главна цел да ја прошири оваа дејност во училишна настава, туторство, работилици. Идејата на Scott е покрај гитарските часови, да го насочи фокусот кон уметноста на создавање нешто индивидуално и уникатно за лично искуство. Моментално свири во Paramount Styles со Alexis Fleisig.

*За учество:
Испратете email со име и презиме на вашето дете на info@mkc.mk со назнака Работилница/Scott McLoud.

*Работилницата ќе се одвива на англиски јазик БЕЗ превод на македонски

Сподели