Бесплатна детска работилница за архитектура PLAYGROUND

За сите креативни и љубопитни дечиња во Детски Креативен Центар при Младинскиот Културен Центар на 28 септември со почеток во 12.00 часот ќе се одржи интерсна работилница,каде што умните дечиња ќе можат на дело да ја покажат својата имагинација и креативна мисла.

Овогодишната идеја за работилница по архитектура е инспирирана од размислувања на тема: Каков град од иднината сакаме? Интенцијата е да се истражуваат можните промени и трансформации на градот преку детската мисла, низ времето на нивниот развој и можностите што технологијата ги нуди.

Децата ќе имаат можност преку изработка на макети од различни материјали да го создадат нивното игралиште од соништата. Локацијата за ова игралиште ќе биде пресликана од постоечки отворен, но запуштен простор во градот Скопје. Кои се вистинските потреби за игра на децата од денешницата? Во каков град тие сакаат да си играат и преку игра да го користат јавниот простор?

Целта на оваа работилница е да им се даде на децата ново искуство на дружба и учење преку создавање простор. Децата денес се опкружени со технологија и се помалку ги користат рацете за игра и учење. Исто така целта е да научиме од неограничените идеи кои детската имагинација ги поседува.

Процеси и методи на работа:
Теорија и визуелна презентација, работа во група, изработка на макети и нивно презентирање.
Намерата и целта за ваквата работилница е да ги натераме децата да размислуваат за градот, какво игралиште би сакале да имаат, да го истражуваме виртуелното размислување на децата за градот преку колоборативен пристап и да експериментираме со материјали.

• Локација: Детски креативен центар, МКЦ
• Одржување: Сабота 28.9.2019 / Почеток 12-14 часот
• Ментори: Сара Симоска – архитект, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
• Времетраење: 2 часа
• Возраст 7-10 години
• Максимум учесници: 18
• Пријава: nesovskidoro@gmail.com
• Материјали: сликарски картони, стиропори, фолии во боја, глина, лепаци, пиштол за топење пластика, стапчиња во боја, пвц стапчиња, темперни бои, фломастери, диоди, ножички, пвц мрежа, глина, пластелин, колаж..

https://www.facebook.com/Sara-Simoska-Arhitektura-139803390051208/
https://www.facebook.com/skopjemeleem/
https://www.instagram.com/d_o_r_o_t_e_j/

Програма:
12:00 – 12:15 – пречек
12:15 – 12:35 – презентација и вовед во работата
12:35 – 13:05 – изработка на идеи за playground
13:05 – 13:15 – пауза освежување со сок и вода
13:15 – 14:00 -до-изработка на идеите и презентација
14:00 – заминување

Работилницата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ 2

Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи: социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика за реализација на дадените концепции, наменети за детска едукација во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Овој проект има намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Сподели