Антонио Аранѓеловиќ, познат и како Тонио Сан, има да раскаже една приказна, а според него најсоодветната форма за тоа е преку графичка новела од 108 страници (вкупно 112), која ја има изработено во изминативе 18 месеци… Ве покануваме на промоцијата на 8 мај, од 20:00 до 23:00 часот во МКЦ – Скопје на една од неговите најкомплетни и најсилни уметнички творби.
Покрај стрипот, вечерта ќе биде одбележана и со промоција на музички видеоспот изработен во соработка со Филмофилска Продукција и песна од Тонио Сан, за којашто не сакаме да откриваме ништо повеќе.

Влезот е бесплатен, а стрипот ќе биде по промотивна цена од 400 ден. само за промоцијата.

Сподели