Книгата НАШИОТ ПАТ од авторите GP и STEFFONATOR во издание на Просветно дело е резултат на осуммесечна работа и пишување на нашите најпопуларни јутјубери, а сега и автори, во Македонија.
Ексклузивно, на 26.01.2019, во МКЦ, со почеток од 12 часот, нивните следбеници ќе имаат можност да го држат во рацете својот примерок и да го добијат нивниот автограм на најголемиот МИТАП досега!!!
Книгата крие голем број тајни за овие две ѕвезди, допира до нивните срца, мисли и желби… A ќе го покаже и вистинскиот пат за и читателите да станат јутјубери…