Гледај.мк со задоволство Ве поканува да учествувате на предавањето на Влатко Галевски: „Минимализмот во филмската музика“. Предавањето се случува во состав на циклусот на работилници за филмска и театарска критика, подржани од МКЦ.

Влез – слободен :)

****************************************************
Од биографијата на Влатко Галевски:
Од 1988 до 1993 година работи како уредник на видео изданијата на Македонија Филм Скопје. Од 1993 до 1998 година е уредник на филмската програма на А1 Телевизија и автор на емисиите „Синема“ и „Синеманија”. Од позначајните работи во неговата кариера, се јавува како продуцент, директор на фотографија и коавтор на музиката во филмот „Маклабас” во режија на Александар Станковски. Меѓу другото, се јавува и како актер во филмот „Самит на Шаманите”, исто во режија на Александар Станковски. Автор е на две книги, „Фацерија” (2010) и „Исповедни финеси” (2015). Од 2001 до 2011 година работи како уредник за култура и уметност во неделникот/месечникот „Форум“ и како уредник за специјални проекти во истиот.

Во изминатите 20 години работи како радиоводител на неговата авторска емисија, Слушајте филм, денес на Метрополис радио. Влатко Галевски е уметнички соработник и селектор за четири концерти на филмска музика со Македонската филхармонија во периодот 2010-2011 година. Во својата кариера, впишан е и како претседател на неколку филмски фестивалски жирија на фестивали како Астерфест, CINEDAYS, ЕХО – фестивал на планинарски филм и Македокс. Тој е и автор на преку 600 филмски рецензии во домашни и странски списанија како „Екран“, „За Македонцките работи“, „Форум“, „Фокус“, „Кинопис“, „Сарајевске свеске“ и многу други. Од 2016 година работи како главен и одговорен уредни на единственото месечно списание за филм, ФИЛМ+, кое излегува како додаток во најтиражниот дневен весник Слободен печат.

****************************************************
За Гледај.мк:

Гледај.мк едуцира, мотивира и објавува млади автори-рецензенти на полето на филмот и театарот. На оваа веб страна ќе најдете рецензии, колумни и репортажи за премиери, филмски и театарски фестивали, мултимедијални настани. Близу дузина автори работат за редовно да ги објавуваме овие информации.

Сподели