Концертна промоција на 5то издание, „Ноќ ко витез војува“
Уште еден производ од нивното долгогодишно комбинирање емоции.
Снимен, едитиран, продуциран и мастериран во студио Алшар од Ивица Јанкуловски и „Милко“ во период, декември 2018 – февруари 2019.
Овој пат покрај Сашо Митревски, Стефан Терпини и Филип Поповски, дебитира и младиот и талентиран Александар – Џо Господов на клавијатури.
Како гостин се појавува одличниот Сашко Костов со пратечки вокали на неколку песни.
- “Don’t Let Them Win” 15.4.2008
- “Changes” 10.9.2009
- “Луѓе” 11.1.2013
- “Millko” 27.11.2015
Повелете на концертна промоција за да Ви го претставиме „Ноќ ко витез војува“, проткаен со песни од сиот минат период.
Благодарност до сите фанови и поддржувачи.
Билетите по цена од 200 денари на билетарница МКЦ
*издание на ПМГ Рекордингс/PMG Recordings