27 години електронска музика
На 30 Март во МКЦ славиме 27 години електорнска музика во земјава.
Македонија на струја е зрак светлина, вперен кон автентичните локални протагонисти на современата електронска музика. Речиси 30 години, респектабилен број луѓе ги вградија својот интегритет, креативност и животна енергија во корпусот на оваа сцена и обезбедија да бидеме дел од светскиот електронски real time процес. Нашите диск џокеи, композитори/продуценти, па и промотери (и самите тие фанови), поставија здрави корени и сериозни критериуми, кои речиси 30 години обезбедуваат основа за развој на оваа сцена. Разнолоикоста на идеи, пристапи, музички стилови е наше богатство, кое го должиме токму на пионерите на оваа сцена, но и сите оние што ја преземаа идејата и ја пренесоа во новото време. Време што изобилува со шаренило, квантитет, па и квалитет, кои беа речиси незамисливи пред триесетина години.
Македонија на струја е платформа за обединување на круцијалните имиња на македонската електронска сцена и мост за соработка помеѓу чинителите на истата од сите периоди. Истакнување на значењето на домашните артисти, со фокус на што е можно поголем респект кон нив, како од публиката, така и од оние што денес го водат бизнисот во сцената. Платформа за меѓусебна соработка, пред сѐ на артистите, но и на сите чинители на сцената.
Македонија на струја е компилација во прогрес, со која целиме да бидат опфатени најголем можен број од домашните електронски продуценти во следните години.
Македонија на струја е фестивал на кој годишно и на едно место, ќе настапуваат најзначајните имиња на македонската електронска сцена.
Настапуваат:
APOSTOLSKI, BODAN JAMAKOSKI, VASO, DEJAN DEX, DIAH, EMI ERMILOVA, GALATHEIA, FLOODER, GORAN KAN, HERZEL, MIRKO POPOV, ROBOTEK, SAMOIL RADINSKI, VIDINOVSKI, ZOKI BEJBE, PASS-N-G-R
Билети на билетарницата на МКЦ и на bileti.mkc.mk
Цената на билетите е 150 денари, а на денот на настанот 200 денари.