Land | промоција на албумот “If…” | Sweet Rapscallions и Демек во МКЦ
Land, некогаш познати како Green Grass Dreams е поп проект на Доне Скендеров и Петар Пепи Георгиевски со еклектичен битолски поп маниризам зачнат во „годината на осамостојувањето“ Во февруари 1991, со ритам машина и гитара на касетофон во локалното студио на Миодраг Нечак – Микс ги снимаат своите први 4 песни (http://kritika.mk/album/
www.facebook.com/
Sweet Rapscallions e музички бенд и фиктивна колективна приказна во која главните ликови се нарекуваат Епиеми. Негуваат уникатен музички стил инспириран од авангардните движења во популарната музика од доцните 70-ти и раните 80-ти години на минатиот век со тенденции кои се преплетуваат меѓу фолклорот и (ретро)футуризмот. Се работи за состав со автентично мрачен романтичарски израз сместен во вешто исткаен амбиент од битови, теми и семплови во кои пулсира атмосферата на дваесеттиот век од неснимените соништа на Кафка преку ноар филмовите, па сè до industrial и avant-pop естетиката. Sweet Rapscallions имаат две официјални изданија за независната етикета Шарла од Скопје – EP, “EP I AM” – Април 2014 и LP, “Stereo Memory – Live at Kanal 103″ – Февруари 2017, снимен на музичката емисија „Ако никој не свири“. Приказната на Епиемите продолжува да се развива како и самиот бенд.
На 7 септември ќе настапат засилени со бас гитарист во постава: Дејан Петровиќ – вокал/синтисајзер, Дамјан Грујо – тапани и Мирче Пејковски – бас.
www.facebook.com/
Експерименталното дуо Демек ќе настапи во изненадувачка постава претставувајќи ја нивната нова аудио-пиеса „Натемаго“.
www.facebook.com/demek2013
*Цена на билет 150 денари. Билети во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ.