Формирани во Сиетл во 1996 година, бендот има 3 live, 6 студиски албуми, 2 EP’s и над 1000 европски и американски концерти под појас. Kultur Shock се специјализирани во мешање на рок, метал и панк со традиционална балканска музика.
Невозможно е да се дефинира стилот на Kultur Shock - критичарите и публиката дофрлуваат имиња како SOAD, Gogol Bordello, Manu Chao, Gang Of Four…
Со седиште во можеби културно најразновидниот и прогресивен град на САД – Сиетл и делумно составен од имигранти што носат тешки влијанија од сопствените култури и позадина, со текот на годините бендот има развиено сосема нов жанр со непогрешлив тон и став.
Не пропуштајте!
15.4.2019 | МКЦ
Билети:
*на Билетарница на МКЦ или online преку bileti.mkc.mk
претпродажба 300 денари (до 31.03)
400 денари (од 01.04 до 15.04)
500 денари (на врата)