„Шумски“ се основани во 1991 година од Корнел Шепер и Марин Јурага, а статусот на култен загребски бенд им го донесе нивниот поинаков и сосема единствен звук, настанат под влијание на цела низа музички стилови, од афро, краут, new wave, авант-поп, прог-рок па сè до музика од цртани филмови. Освен во Хрватска, настапуваат и во Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Унгарија, Холандија, Чешка, Белгија, Македонија, Бугарија, Швајцарија, Данска, Германија и Велика Британија. „Шумски“ имаат објавено пет албуми: Лов на самовили, Сафари, Баба спие, Нуркачи и последниот, минатогодишен – Остров на ледениот кит, чие мото е ‘За депресивни времиња – весели депресивни хитови!’