ПОРАДИ НАЈАВАТА ЗА ДОЖД ВО ПОНЕДЕЛНИК (24.06), КОНЦЕРТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО КИНО ФРОСИНА (МКЦ)

Експлозивни, енергични, врвни, Калашима се еден од најатрактивните бендови во Италија. Шест пријатели, израснати со мелодиите и хипнотичките ритми на магичниот ритуал на Таранта, повторно ја изменуваат традицијата со дива мешавина на електронски и лисергични ритми и оригинални мелодии во фолклорен амбиент.

Рикардо Лагана: дајре, перкусии, вокал,
Лука Букарела: хармоника, усна хармоника, вокал,
Федерико Лагана: дајре, рик, бендир, тар, тарабука, канџира, џембе, кахон, сет тапани, вокал,
Масимилијано Де Марко: гитара, бузуки, вокал,
Рикардо Басиле: бас гитара, синт бас, вокал,
Алдо Иеца: џампоња (италијанска гајда), флејта, флагола, шавм, зафон, вокал

Во соработка со Амбасада на Италија и „OFFest”

Продажба на билети на влезот на Сули ан, пред концерт.
Цена на билетот 200 денари

Сподели