Берлинскиот бенд со право е споредуван со иконите на краутрокот од седумдесеттите како Neu! и La Düsseldorf, со стегнат и моќен звук, иако тие, сè уште, на одреден начин се непредвидливи. Тешко дека кој било друг бенд знае како да создаде мутација од ситни музички нијанси кон вулкански ерупции како што знаат тие. Camera е мотор што работи под полна пареа, и што може да експлодира во секој миг. Каскадите од звук носат матна слика на безгранична желба за бунтување, што во секој миг е под закана да заврши на чистилиште, иако е проколната да биде безмалку неуништлива. Бендот продолжува со својата интергалактичка авантура на краутрок и на новиот албум – Emotional Detox.
https://camerawithin.bandcamp.com/
Ако ги пропуштивте на ЗДРАВО МЛАДИ 8 или сакате пак да ги слушнете, датумот е 1 април во МКЦ.