Jonathan Bree за прв пат во Скопје!
6 мај 2019 | МКЦ
Jonathan Bree e пејач, композитор, мултиинструменталист и продуцент од Нов Зеланд.
Неговото музичко видео за “You’re so cool” стана youtube сензација привлекувајќи ги гледачите со неговиот уникатен маскиран бенд и таа морничава надреална продукција.
На 19 години тој го формирал бендот The Brunettes, пишувајќи и продуцирајќи 4 албуми и 4 EP за нив. Brunettes продолжиле потпишувајќи со Sub Pop, пред да се распуштат во 2010 година. Bree потоа исчезна, повторно оживувајќи во 2014 година како соло уметник со неговиот маскиран барокен бенд.
Има издадено 3 соло албуми, а во моментов снима материјал за неговиот 4-ти албум и се подготвува за својата светска турнеја во 2019 година.
https://www.powerline-agency.
______________________________
Билети:
300 / 400 / 500 денари
(до 1 април) / (од 1 април) / (на ден на концерт)
Билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk