По повод седмиот „Роденден на уметноста” во организација на Младински културен центар, Детскиот креативен центар организира детска работилница за пластелин и изложба на Максим Цветановски, кој изработува скулптури и фигури од неговите омилени ликови и херои.

18:00-20:00 часот
Изложба на Максим Цветановски / Детски креативен центар

Максим Цветановски од Скопје има девет години и прави чуда од пластелин. Почнал да си игра со овој магичен материјал кога имал околу пет години и оттогаш не престанал да создава вистински чуда од омилените анимирани ликови и јунаци, ликови од приказни, но и популарни детски ликови.

Негова голема желба е да направи изложба во Детскиот креативен центар. Ќе му се исполни.

maksim_1 maksim_2

 

 

 

 

 

Максим прави чуда од пластелин. Ликовите од „Фортнајт“ му се омилени

 

18:00-19:30
Детска работилница за пластелин
Детски креативен центар при МКЦ ве повикуваат на работилница за пластелин и изработка на фигури, предмети и омилените ликови и херои.

Maksim_1 Maksim_2 Maksim_3 Maksim_4 Maksim_5 Maksim_6

Сподели