Нашите драги пријатели од средината на 2000-те, словенечките панкрок/heartcore легенди IN-SANE, на огромно задоволство гостуваат во МКЦ Скопје!

Покрај концерт, ќе се оддржи и традиционален фудбалски меч во Партизан во К4. Минатата средба ја добија гостите од Словенија, годинава е наша, имавме и висински припреми, спремни сме да ја одбраниме честта на домашниот терен :).
Дополнително ќе биде објавен и терминот за утакмицата.

Знаеме дека концертот е закажан за 27 септември во МКЦ Скопје. Нема предгрупи, почетокот е во 21:30!
Карти по цена од 250 денари во претпродажба од понеделник (16.09) на Билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk.
На врата цена на билет ќе изнесува 300 денари.

Сподели