Сано е невладина организација на родители и пријатели на деца, кои се излечиле или мометално се лечат од малигни болести.
Неодамна ги отворија вратите на нивната Родителска куќа, каде што бесплатно ќе можат да престојуваат родители и нивните деца, кои моментално се лекуваат од некоја малигна болест на Детската клиника, а не живеат во Скопје.

За да биде оваа куќа привремен дом на уште многу фамилии потребна ни е вашата помош.Со таа цел на 1 март од 21:00 ќе ги собереме на едно место во Денсинг салата на МКЦ: Скопски Грув, Techtum, Pirka Avh и Druggy од Trap Da Fuck Up да направиме една предобра журка од која целиот приход од купени карти ќе ја потпомогне работата на родителската куќа и нашето здружение.
Затоа карта во рака од билетарницата на МКЦ или на bileti.mkc.mk  и се гледаме таму !!

Сподели