Почитувани вљубеници во планинските спортови, планините и природата, Ви ја претставуваме програмата на овогодинешното ЕХО – најмоќно до сега!
2100 минути филм и 4 презентации – од претставници од 20 земји, пред нас ќе ги претстават своите искуства во широк спектар на активности и нивен начин на уживање во тоа што и ние самите толку го сакаме: алпинизам, скијање, екологија, велосипедизам, фотографија, параглајдерство, спелеологија… Авантура!
Програмата како и до сега, поради својата обемност и разноликост, повторно во 3 кино сали: Милениум, Фросина и Џебно. И повторно – влезот е слободен!
Целата програма погледнете ја овде.
Ве покануваме да се дружиме, едуцираме и инспирираме – да ја славиме гласно нашата вљубеност во светот на природата!
20 НОЕМВРИ (Вторник)
Кино ФРОСИНА
16:00 - „Елбрус“, Лорен Жаме, Франција, 2017, 70’
17:08 - „Ничија земја – Експедиција на Антарктикот“, Матиас Маер, Австрија, 2018, 72’
18:18 - „Високо во небото“, Џејсон Хекокс, Нов Зеланд, 2018, 43’
19:15 - „Бескрајна светлина – приказни од северот“, Марко Трибелхорн – Траблхаус, Италија, 2018,15’
19:30 - Презентација на АРИАНА ТРИКОМИ, Италија: „СВЕТСКИ ФРИРАЈД ШАМПИОН ЗА 2018“
20:30 - Презентација на КШИШТОФ ВЈЕЛИЦКИ, Полска: „МОЈ ИЗБОР“
22:00 - „Психо вертикала“, Џен Рендал, Велика Британија, 2017, 65’
ЏЕБНО кино
16:00 - „Женски патишта“, Дукас Сандра/Таранто Јуниор Франциско, Франција, 2017, 29’
16:29 - „Есен – сезоната во долината“, Рус Вакрилов, Бугарија, 2017, 29’
16:58 - „Зелен Еверест“, Жан-Мишел Жорда, Франција, 2017, 53’
17:51 - „Последните ловци на мраз“, Јуре Брецељник/Рожле Брегар, Словенија, 2017, 71’
21 НОЕМВРИ (Среда)
Кино ФРОСИНА
16:00 - „Покрај морето“, Мајк Чек, Велика Британија, 2018, 47’
16:47 - „Каде се ѕвездите“, Мухамад Асиф Ислам, САД, 2017, 4’
16:51 - „Возење“, Флориан Алберт, Австрија, 2018, 5’
16:56 - „Бегство“, Анџали Најар, Канада, 2018, 8’
17:04 - „Аистан“, Кевин Ком, Италија, 2017, 8’
17:12 - „Виакруксис“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 2018, 11’
17:23 - „Кон себе“, Улф Вогенштајн, Германија, 2017, 12’
17:35 - „Звук на тишината“, Филипе Вудли, Швајцарија, 2018, 12’
17:47 - „Замрзнат пат“, Бен Пејџ, 25’
18:25 - „Финале ’68“, Габриеле Кану, Италија, 2018, 66’
19:31 - „Французот“, Мишел Смит, САД, 2018, 15’
20:00 - Презентација на СИЛВО КАРО, Словенија: „40 ГОДИНИ АЛПИНИЗАМ“
21:25 - „Парасол“, Јоханес Ајцетмилер/Јеб Хардвик, Австрија, 2018, 30’
21:55 - „Повикот на мразот“, Бенјамин Сото Ферарис/Кристобал де Алба де ла Пења, Мексико, 2017, 30’
22:25 - „Летање на 8000 метри“, Антоан Жирард/Жереми Шенал, Франција, 2017, 41’
ЏЕБНО кино
16:00 - „Поубаво од рајот“, Наталија Маханко/Леонид Мах, Русија, 2017, 63’
17:03 - „Хансјорг Ауер, нема враќање назад“, Дамјано Левати, Италија, 2017, 30’
17:33 - „Поместување на песокот“, Мет Пикрофт, Велика Британија, 2018, 11’
17:44 - „Во сјајот на ѕвездите“, Мати Ле Ла, Франција, 2018, 53’
22 НОЕМВРИ (Четврток)
Кино ФРОСИНА
16:00 - „Тарфала“, Јоханес Остергард, Германија, 2016, 27’
16:27 - „Земја од соништата“, Станислав Бербека, Полска, 2018, 85’
18:15 - „Еволуција на соништата“, Карина Брунауер, Австрија, 2017, 27’
18:43 - „По стапките на првите“, Маер, Австрија, 2017, 47’
19:45 - Презентација на Алберто Шампликоти и Алберти Ости Гуераци, Италија: „НЕ САМО АЛПИТЕ“
20:30 - „Ден долг 50 години“, Алберто Шампликоти, Италија, 2014, 30’
21:15 - „Зависници од височина“, Павол Барабаш, Словачка, 2017, 65’
22:18 - „Мама“, Војтек Козакиевич, Полска, 2017, 45’
ЏЕБНО Кино
16:00 - „Можеби“, Моника Новак, Словенија, 2017, 13’
16:13 - „Жените се планини“, Рената Калмон, Бразил, 2018, 15’
16:28 - „Златната линија во Вердон“, Штефан Фрич, Австрија, 2017, 18’
16:46 - „Нахани“, Доминик Снаерс, Белгија, 2017, 54’
17:40 - „Југен“, Доминик Снаерс, Белгија, 2017, 54’
23 НОЕМВРИ (Петок)
Кино ФРОСИНА
17:00 - „Сонот за Арио – Потрагата по најдлабоката пештера во Европа“, Пол Дифли, Велика Британија, 2017, 42’
17:42 - „Ние сме роверите, Норвешка“, Антонин Мишо – Соре/Робин Монтро/Метју Минард, Франција, 2018, 25’
18:07 - „Земја обликувана од жени“, Ане-Флоре Марксер, Франција, 2018, 26’
18:45 - „Моментот“, Дарси Хенеси Турен, Канада, 2017, 74’
20:00 ЦЕРЕМОНИЈА НА ЗАТВОРАЊЕ
20:45 - „Магнетни планини“, Стив Вејкфорд, Франција, 2017
ЏЕБНО Кино
16:00 - „СОС Бавариа“, Андреа Гобети/Фулвио Мариани, Швајцарија, 2017, 35’
16:35 - „Тишина“, Бернардо Хименез, 2018, 17’
16:52 - „На време“, Енди Мејсер, САД, 17’
17:09 - „Кану“, Бенџамин Сад, Велика Британија, 2017, 53’
18:02 - „Даулагири – искачување на белата планина“, Гијермо Глас/Кристијан Харбарук, Аргентина, 2017, 76’
ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН