Една година откако му рековме „Здраво“ на Скопје од кејот на Вардар карши МКЦ. Една година од кога решивме активно да учествуваме во културниот живот во градот. Една година настани и случувања, труд и желба, забава и многу свртени плочи. Тргнувајќи од едноставна желба да си направиме добра журка, решивме дека треба да направиме повеќе од тоа, дека треба да работиме на создавање услови и поттик за слободно творење на локалните артисти, со цел заедно да внесеме нова, збогатена динамика на културата во Скопје. Покрај нашата активност, и досегашната низа на настани исполнети со разновидни соработки, изминатава година се појавија и други колективи, кои со слична цел, идеја и мисла, спонтано создадоа еден нов бран на сцената во Скопје. Па, еве нѐ сега во МКЦ, со дел од нив, спремни со повеќечасовна програма и порака за сплотеност, респект и заеднички грув …
[Пирка]
Во разновидниот колектив за аудиовизуелна хармонија, Pirka.avh, се наоѓа и по некој поединец кој посебен акцент става на музичкиот аспект. Tebo Negett се динамично диџејско дуо од Скопје, кои аранжираат со широк спектар на електронска музика и зрачат со позитивни вибрации во голем радиус. Употребуваат свежи ритмови придружени со висока доза на енергија за да го одржуваат расположението на публиката.
[Убли]
“Oubli” претставува музички проект, кој има за цел да го збогати секојдневниот, монотон живот преку промовирање и пропагирање квалитетна и некомерцијална музика.
Поттикнати од константниот “status quo” и недостатокот на можности, кои се пружаат на младите луѓе, а отворени и желни за соработка, колективот цели кон тоа да спои прогресивни луѓе, да шири позитивна енергија и да пружи простор во кој што секој ќе може слободно да се изразува и да биде тоа што е.
[Техтум]
“Techtum” е концепт на двајца другари за внесување свежина на забавите во Скопје. Идејата е да се разбие монотонијата, репетицијата и типот на локациите. Наоѓање на различни начини како да се издигне нивото на самите забави, фокусот е кон користење на разни покриви, но и несекојдневни места.
Влез: 200 МКД