Повелете на едно убаво дружење:
Бесплатна детска работилница за „Оптички играчки“
Ментори: Ивона Ѓорѓиовска – аниматор – 3Д моделатор, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
➡️Концепт за работилницатa
✏️Изработка на „Оптички играчки“
• Ретинална перзистенција се нарекува феноменот на задржување на сликата во човековото око кога таа се движи подолго време пред окото.
Неколку конструкции во минатото го докажуваат ова, тогаш се сметале за оптички играчки што го означуваат почетокот на анимацијата. Конструкциите се нарекуваат:
Тауматроп
Зоотроп
➡️Целта на работилницата е на децата да им се доближи анимацијата од нејзиниот историски почеток. Децата да разберат како настанува овој феномен преку практични вежби и изработки, да научат дека можат сами да се креатори на каква било анимамција. Изработката на овие конструкции е мошне едноставна затоа што тие можат да се изработат од секаков постабилен материјал (картон, дрво, пластика, алуминиум..) и да бидат во различни големини.
➡️Идејата е на децата да им биде презентирано значењето и потеклото на самите констукции (што значат во времето кога се пронајдени) почетокот на традиционалната анимација, нејзината изработка, тајминг анимација на карактер, предмети, растенија и животни.
Децата под менторство ќе треба да изработат тауматропи, фенакистископ и зоотроп.
✏️Ќе се запознаат со основните делови за изработка на една анимација. Ќе се изработат неколку вежби за позиции, тајминг, клучеви, екстремни пози, движења.
*thaumatrope
*zoetrope
• Локација: Детски креативен центар МКЦ
• Одржување: Сабота 5.10.2019 / Почеток 12-14 часот
• Ментори: Ивона Ѓорѓиовска – аниматор, 3Д-моделатор; Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
https://www.facebook.com/ivona.gorgiovska
• Времетраење: 2 часа
• Возраст 5-10години
• Максимум учесници: 15
• Пријава: nesovskidoro@gmail.com
• Материјали: сликарски картони, , фолии во боја, боички, фломастери, лепаци, пиштол за топење пластика, стапчиња во боја, пвц стапчиња, темперни бои, ножички,конци, пластелин, колаж, стиќери. ..
Програма:
12:00 – 12:15 – пречек
12:15 – 12:35 – презентација и вовед во работата
12:35 – 13:05 – изработка на идеи за оптички играчки
13:05 – 13:15 – пауза освежување со сок и вода
13:15 – 14:00 – доизработка на идеите и презентација
14:00 – заминување
Работилницата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ 2
Интерактивни разговори се серија детски работилници, мултидисциплинарен проект, кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи: социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Д моделатори, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика за реализација на дадените концепции, наменети за детска едукација во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Овој проект има намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.