По 20 години легендата се враќа на сцена и доаѓа во Скопје со концерт за отворањето на јубилејниот ТАКСИРАТ #20 Д-р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ на 29 ноември, во МКЦ!

Долгата пауза од сценските настапи ја прекина годинава со турнеја во Канада и САД, па следуваше и неодамнешниот, спектакуларен концерт во Белград, а оваа зима на наше огромно задоволство, му посакуваме добредојде и во Скопје со концерт за кој Неле вели дека е своевидно „патување низ времето“ на коешто тој го претставува „целокупниот Неле“ и оној од „Забрањено пушење“ и оној од бендот „No smoking orchestra“ и некои нови остварувања.

Билетите од 19.10. на сите благајни на МкТикетс и онлајн.
Претпродажба: 500 денари;
На врата: 700 денари.

Сподели