За секој од поголемите светски бендови секогаш може да се напише дека во нешто се пионери, дека се најдобри и најголеми и да им се залепат уште многу епитети. Меѓутоа ретки се бендовите за кои тоа вистински важи.
Cannibal Corpse се бенд од првата петорка на американската дед-метал школа од крајот на 80-те и почетокот на 90-те години, Бенд што буквално измисли свој правец, кој никогаш не застрани и кој инспирираше и сѐ уште инспирира нови генерации од целиот свет да свират Cannibal рифови.
Предводени од виртуозот на бас-гитара Алекс Вебстер, машината за рифови Роб Берет и буквално вистинскиот ѕвер на микрофон Џорџ ‘Corpsegrinder’ Фишер, Cannibal Corpse повеќе од 30 години се неприкосновени во металскиот свет.
Со 14 студиски албуми зад себе и десетици други изданија, секако важат за еден од најкреативните бендови на планетава.
Red Before Black е нивниот последен опус, кој летово ќе го презентираат низ Европа, и конечно за прв пат ќе свират и кај нас.
На 18 јуни во Скопје, во МКЦ испишуваме нова страница во македонската метал историја!

Првите 100 билети ќе бидат по промотивна цена од 800 денари.
Потоа стандардната цена е 1000 денари, а на денот на концертот ке биде 1200 денари.

Билети ќе има на билетарницата на МКЦ и на bileti.mkc.mk и во мрежата на mktickets.mk

Инфо за предгрупи наскоро!

Сподели