Љубовна филмска ревија во Џебно кино на која ќе можете да се потсетите на некои ремек-дела на кинематографијата со емотикон срце:
Call Me by Your Name (2017) | 132′
режија: Luca Guadagnino
Во 1980-тите, Италија, романтичен изблик меѓу еден 17-годишен студент и постар човек ангажиран како асистент за истражувањата на неговиот татко.
Song to Song (2017) | 129′
режија: Terrence Malick
Два напоредни љубовни триаголници. Опседнатост и предавство поставени наспроти музичката сцена во Остин, Тексас.
Lost in Translation (2003) | 102′
режија: Sofia Coppola
Една филмска ѕвезда и една запоставена млада жена остваруваат кратка врска откако патиштата ќе им се сретнат во Токио.
Casablanca (1942) | 102′
режија: Michael Curtiz
Една од најпознатите филмски љубовни приказни за циничниот сопственик на ноќен клуб во Казабланка, кој ја штити старата љубов и нејзиниот сопруг од нацистите.
Хемфри Богард и Ингрид Бергман…