19:00 – Галерија МКЦ

Night at the Gallery

ВоскресијаСо изложбата „Night at the Gallery“ уметницата Воскресија Андреевска ja трансформира галеријата на МКЦ во една поинаква димензија низ спектарот на интензивни флуросцентни бои и  ултравиолетова светлина. Таа вечер ќе се разбудат нови лица и светови, а вие слободно нурнете низ нив. Без премногу образложувања и непотребни зборови, таа остава делата да зборуваат за себе, а вам да ги чуете нивните приказни.

 

20:00 – Плато МКЦ, Кафе МКЦ, Сала 25 Мај

ПМГ Рекордингс фестивал

nekulturaПМГ Рекордингс фестивалот доплови до бројката 9.
Фина бројка, магиски својства и секако бројка што го крие клучот за разбирање на универзумот. Но ајде прво да го разбереме нашиот локален универзумски контекст. Една НЕкултура во континуитет, поттикната директно одозгора, сесрдно прифатена и реализирана од подолните слоеви на општеството, неподготвено и незаинтересирано за одговорност.

ПМГ Рекордингс, како изблик на незадоволство од културната и сеопштата состојба на теренот, веќе 21 година издава и промовира македонска музика и култура, со единствена цел: поквалитетен живот. Нашата фестивалска инкарнација и оваа година ќе понуди висококвалитетна програма пред сѐ со домашни автори, но и неколку странски врвни имиња.

Минатата година продефилираа 5-7 илјади посетители на фестивалот. Да се собереме повторно во огромен број и да си дадеме сила едни на други, во опстојувањето на НАШАТА ИСКРА СВЕТЛИНА, ВО овие МРАЧНИ неКУЛТУРНИ ЛАВИРИНТИ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО.

12:00 – Градско кино Милениум

Бесплатен филмски маратон

12:00 – Кариран Нинџа (Checkered Ninja)
14:00 – Господин Мол и фабриката за чоколада (Mr. Moll and the Chocolate Factory)
17:30 – Море од жито (Freckles – Mare di Grano)
20:00 – Куќата што ја изгради Џек  (The House That Jack Built)
23:00 – Копање (Digging)
01:30 – Хотел Гагарин (Hotel Gagarin)
04:00 – Товар (Cargo)

* Манифестацијата БЕЛА НОЌ е во организација на Град Скопје и Универзална сала

 

 

Сподели