Дечки и девојки, со голема чест и задоволство го најавуваме концертот на AUX88 на 11.5.2018 на отворањето на годинешното издание на Скопје креатива 2018 – 7 Пати до креативност.
AUX88 е синоним за оригинално, висококвалитетно, автентично детроитско електро.
Уште од 60-тите и 70-тите години, името на градот Детроит (Мичиген, САД) е предмет на музичките легенди и
лејблот Motown. Кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите градот станува синоним за современото техно движење и секако модерното електро. Еден куп фантастични имиња, кои ги напишале најзначајните електро-техно музички страници доаѓаат од тнр. ветровит град: Underground Resistance, Juan Atkins, Jeff Mills…
AUX88 постојат од 1993 и ја претставуваат онаа совршена ЕЛЕКТРО точка, каде што се среќаваат уметничките амбиции на современата електронска музика и духовно-телесните потреби на танцувачката публика. Tom Tom (Tommy Hamilton) и Keith Tucker (Dj име K1) под името RX-7 работат уште од 1985.
Во 1993 стануваат AUX88 – името под кое се стекнаа со светска слава, а особено во круговите на најпребирливите познавачи на современата електро музика.
Досега имаат реализирано 7 албуми.
Нивниот настап е класичен техно (електро) КОНЦЕРТ.
Еден од најелитистичките настани на кои ќе имате можност да присуствувате оваа година.
Скопје Креатива 2018
МКЦ Скопје
11 мај
22:00
AUX88 во живо + Мирко Попов (DJ set)
Билети по цена од 300 денари достапни преку продажната мрежа на МК тикетс и на Билетарница МКЦ.